Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз и Фриц во осминафиналето од турнирот во Индијан Велс

/

пред 1300 дена

Сподели преку :

Двајца тенисери од првите четири носители успеаа да се пласираат во осминафиналето од првиот турнир од Мастерс серијата што се одржува во Индијан Велс.

Фаворитот број 1, Карлос Алкараз во два сета со 7:6 и 6:3 триумфираше над Талон Грикспор од Холандија додека четвртиот носител Тејлор Фриц со 2:0 во сетови го елиминираше Аргентинецот, Себастијан Баез.

Настапот во Индијан Велс заврши за седморангираниот играч Холгер Руне кој е поразен во мечот против ветеранот Станислас Вавринка. Елиминиран е и носителот број 9, Хуберт Хуркач откако поуспешен од него беше Томи Пол.

Феликс Оже Алиасим забележа победа во соочувањето со Франциско Черундоло, Јаник Синер славеше над Адријан Манарино, а место меѓу шеснаесетте најдобри обезбедија уште Џек Дрејпер и Мартон Фусович.