Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жабер и Касаткина го завршија настапот во Индијан Велс

/

пред 1300 дена

Сподели преку :

Седмиот ден од женскиот дел на турнирот во Индијан Велс елиминирани се две носителки.

Најголемото изненадување го направи Маркета Вондрушова која со 2:0 по сетови 7:6 и 6:4 славеше над четвртата носителка Онс Жабер, а настапот го заврши и фаворитката број осум, Дарија Касаткина по поразот со 6:4 и 6:4 во дуелот против Варвара Грачева.

Најголемата фаворитка за освојување на трофејот, Ига Својнтек забележа победа со 6:3 и 7:6 во соочувањето со Бјанка Андрееску, а петтата носителка Каролин Гарсија беше поуспешна од Лејла Фернандез.

Елена Рибакина триумфираше над Паула Бадоса, Беатриз Хадад Маја ја совлада Ема Радукану, а турнирот го продолжуваат уште Сорана Кристеа и Маролина Мухова.

ФОТО: Игор Паневски