Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лејкерс со важна победа во трката за плејоф, нов пораз на Денвер (ВИДЕО)

/

пред 1300 дена

Сподели преку :

Лос Анџелес лејкерс славеа со 123-108 на гостински паркет кај Њу Орлеанс, победа која моментално го искачи тимот на 10.место во Западната конференција. Ентони Дејвис со 35 поени и 17 скока го предводеше победничкиот тим, но одличен беше и Малик Бизли со 24 поени. Брендон Инграм со 22 поени беше најдобар во редовите на Пеликанс.

Денвер го запиша четвртиот пораз во низа откако утринава загуби кај Торонто со 125-110. Фред ван Флит постигна 36 поени за Репторс, додека кај Нагетс, кои и натаму се први во Западната конференција, очекувано најдобар беше Никола Јокиќ со 28 поени.

Милвоки стана првиот тим што го обезбеди местото во плејофот откако по триумфот од 116-104 кај Феникс. Бакс до 50-та победа ги водеше Јанис Адетокумпо со 36 поени, а имаше помош и од Брук Лопез со 21 поен. Девин Букер со 30 поени најмногу се истакна кај Санс.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Кливленд 104-120
Вашингтонн – Детроит 117-97
Оклахома – Бруклин 121-107
Сан Антонио – Орландо 132-114
Портланд – Њујорк 107-123