Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мекиќ ја продолжува кариерата во Задар

/

пред 1300 дена

Сподели преку :

Членот на македонската кошаркарска репрезентација Адем Мекиќ до крајот на сезоната ќе го носи дресот на членот на АБА лигата, Задар.

Само два месеци откако си замина од МЗТ Скопје и настапуваше за романскиот Темишвар, Мекиќ реши да ја прифати понудата од хрватскиот состав и во следните неколку месеци ќе биде дел од тимот на Задар.

Мекиќ ќе биде вториот Македонец што ќе го облече дресот на легендарниот клуб откако пред него за Задар со голем успех настапуваше Тодор Гечевски.

Задар во моментов се бори за место во разигрувањето во регионалното натпреварување и се наоѓа на седмата позиција, а се очекува македонскиот репрезентативец да дебитира на претстојниот дуел со ФМП што ќе се одигра в петок.

ФОТО: Игор Паневски