Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Швајцарската Кредит Свис се задолжи со 50 милијарди швајцарци кај централната банка- цените на суровата нафта го продолжија својот пад

/

пред 1309 дена

Сподели преку :

Швајцарската банка Кредит Свис се задолжи со 50 милијарди швајцарски франци кај централната банка на земјата. Ова е нова загрижувачка вест неделава по банкротот на неколку американски финансиски институции, меѓу нив и Банката на Силиконската долина.

Цената на акциите на големата швајцарска банката Кредит Свис вчера во еден момент паднаа за дури 30 отсто, откако најголемиот акционер во банката, Саудиската Национална банка објави дека веќе не е во можност да ѝ пружа финансика помош, бидејќи би го надминала законското ограничување за сопственички удел до 10 насто.

Вчера Кредит Свис соопшти дека ќе позајми до 50 милијарди швајцарски франци од Швајцарската народна банка, за да ги увери вложувачите оти има неопходна готовина за да продолжи со работа.

Во меѓувреме цените на суровата нафта го продолжија својот пад вчера, бидејќи уште една банкарска катастрофа дополнително го дестабилизираше пазарот.

WTI падна за 4,21% во средата, паѓајќи под 70 долари за прв пат од декември 2021 година на 68,33 долари за барел во 10:10 часот по ET. Нафтата „брент“ падна за над 3,94 отсто на 74,40 долари, за загуба од 3,05 долари за барел.