Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) 160 инспектори на терен во проверка на цените на млекото и тестенините

/

пред 1314 дена

Сподели преку :

160 инспектори на Пазарниот инспекторат се на терен во проверка на пониските цени на млекото и тестенините во маркетите. Денеска за 15% е пониска цената на млекото и тестенините, а на млечните производи за 10%.

Очекувањата на власта се дека трговците ќе ја почитуваат мерката.

Владата претходно им даде рок на производителите сами да ја извршат корекцијата но доколку таа не соодветствува согласно анализите и процентите до кои дојдоа преку спроведените анализи истите ќе бидат замрзнати.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шекерот, јајцата и оризот.

Се уште се прават анализите и, како што информира Бектеши, најверојатно ќе бидат готови утре, кон крајот на денот.

Ирена Чачкова се јави во Вестите на Телма во 12.30