Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оризопроизводителите ѝ порачаа на владата да не ја замрзнува цената на оризот

/

пред 1309 дена

Сподели преку :

Цената на оризот да се зголеми за 20 отсто и државата да почне да го откупува за стокови резерви, а потоа да се размислува за замрзнување на цената на оризот, порачаа кочанските оризопроизводители. Оваа порака доаѓа откако од Владата соопштија листа на производи, на кои цените може да им се замрзнат.

Оризопроизводителите велат дека штетата ќе биде голема, веднаш откупувачите ќе им ја намалат откупната цена на оризовата арпа и тоа на самиот старт на сеидбата низ кочанско и виничко поле.

Најавата за замрзнување на цената на оризот за оризопроизводители значи дека оваа пролет нема да бидат посеани поголеми површни, бидејќи нема да им се исплати.

Цената на оризот беше замзрната во декември 2021 година, а Владата минатата недела соопшти дека се прават анализи дали ќе се замрзнат цените на јајцата, шеќерот и македонскиот ориз.

Викторија Димитрова Јованова