Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Борел: Ова е најдобрата зделка и не е реално да очекувате дека условите за влез во ЕУ ќе се сменат

/

пред 1313 дена

Сподели преку :

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска од Скопје порача дека иднината на Северна Македонија и нејзините граѓани е во рамките на Европската Унија и оти само заедно сме силни да се соочиме на тешката геостратешка околина во која се наоѓаме. Македонија е на добар пат, и оваа година е клучна, но потсети дека мора да се подобрат и односите со соседите.

  • Да се оди нанапред,  значи и да се подобрат односите со вашите соседи. Тука спаѓа и да се создадат услови да се усвојат уставните измени. Сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека, рече Борел.

 

Оливер Вархеји, евроамбасадор за проширување нагласи исто така дека е важно државата да не забави, туку да ја забрза својата работа на реформите. Најави забрзување на темпото на работата за пристап на земјата во ЕУ, но исто така нагласи дека треба „и Владата и Собранието да ја забрзаат работата на реформите“. Побара поддршка од граѓаните, бидејќи како што кажа на Европа и треба ваквата поддршка.

Премиерот Ковачевски го оцени состанокот како успешен и истакна дека Република Северна Македонија нема сомнеж дека оди по европскиот пат.