Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бесими ги повика младите да не заминуваат во странство бидејќи за 7 години ЕУ ќе дојде кај нас

/

пред 1308 дена

Сподели преку :

Над 9000 млади луѓе секоја година ја напуштаат земјава, а околу 1500 од нив се школуваат во високообразовните институции во Словенија… Потребно е инвестирање во образованието , но и вработување на младите во институциите за да ги задржиме во земјава… Ова беше кажано на денешната панел дискусија „ Враќање и задржување на домашниот млад високообразуван кадар од Словенија во Македонија“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија.

Министерот за финансии Фатмир Бесими ги повикува младите да се стрпат и да останат дома бидејќи за седум години ЕУ ќе дојде кај нас. Изјавата за министерот за финансии доаѓа во време кога земјава размислува за увоз на странска работна сила бидејќи статистиките покажале дека годишно ни недостасуваат по 10 илјади работници… Земјава на заинтересираните им нуди плата од околу 200 евра.