Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз и Свјонтек во полуфиналето на Индијан Велс

/

пред 1297 дена

Сподели преку :

Познати се полуфиналните двојки на машкиот и женскиот дел од турнирот од Мастерс серијата што се одржува во Индијан Велс.

Кај дамите првата фаворитка Ига Свјонтек во два сета со 6:2 и 6:3 триумфираше над Сорана Кристеа од Романија додека десеттата носителка Елена Рибакина по голема борба во меч што траеше 2 часа и 48 минути славеше со 7:6, 6:2 о 6:4 над Каролина Мухова од Чешка.

Во машка конкуренција прво рангираниот тенисер Карлос Алкараз со 6:4 и 6:4 го елиминираше Феликс Оже Алиасим, а противник во полуфиналето ќе му биде Јаник Синер кој забележа победа со 6:4, 4:6 и 6:4 во дуелот против Тејлор Фриц.

ФОТО: Игор Паневски