Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски се пласираше во полуфиналето на турнирот во Франција

/

пред 1297 дена

Сподели преку :

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со извонредните настапи на ИТФ турнирот што се одржува во Франција.

Тој попладнево успеа да се пласира во полуфиналето откако во два сета со 7:5 и 6:1 триумфираше над домашниот тенисер Александер Реко.

Ивановски кој на турнирот е поставен за трет фаворит во решавачкиот меч за пласман во финалето повторно за противник има играч од Франција.

Првиот македонски рекет во полуфиналето ќе се соочи со Гимар Вајенбург кој денеска успеа со 2:0 да го совлада Симон Бупен од Белгија препуштајќи му само еден гем.

ФОТО: Игор Паневски