Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лидерот Струга му гостува на Работнички

/

пред 1299 дена

Сподели преку :

Поради почетокот на подготовките на репрезентацијата за претстојните квалификациски дуели за пласман на Европското првенство денеска на програмата се натпреварите од 23. коло во домашниот фудбалски шампионат.

Лидерот на табелата Струга попладнево на стадионот Борис Трајковски во Маџари му гостува на Работнички кој ќе се обиде да ја прекине серијата од два порази, а водечката екипа со евентуален триумф да се зацврсти на лидерската позиција.

Бранителот на трофејот Шкупи гостува во Струмица и ќе се соочи со Академија Пандев која до крајот на сезоната ќе се обиде да го избегне баражот или последното место на табелата.

Последнопласираната Победа во ова коло го пречекува Силекс додека Тиквеш е домаќин на Македонија ЃП на чија клупа ќе дебитира новиот тренер Горан Симов.

Последниот натпревар од 23. коло се игра утре, а третопласираната Шкендија на стадионот на Железарница му гостува на Скопје.

Сите натпревари почнуваат од 15 часот.

ФОТО: Игор Паневски