Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Работнички ја декласираше Струмица, ТФТ славеше над ФМП Академија

/

пред 1296 дена

Сподели преку :

Денеска се одиграа три натпревари од 18. коло во кошаркарското првенство на Македонија. Работнички триумфираше над последнопласираната Струмица со 99:66 и за момент се искачи на четвртото место на табелата.

ТФТ по поразот во претходното коло сега успеа да слави над ФМП Академија со 86:75 додека Феникс на домашен терен забележа победа од 83:79 во дуелот против Кожув.

Утре Пелистер пред своите навивачи го пречекува Еуро Никел додека МЗТ Скопје поради обврските во АБА лигата дуелот против Чаир ќе го одигра во вторник.

ФОТО: Игор Паневски