Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Првиот македонски селектор Андон Дончевски го посети тренингот на репрезентацијата

/

пред 1296 дена

Сподели преку :

Членовите на фудбалска репрезентација на Македонија на вечерашниот тренинг имаа пријатно изненадување.

Во посета им дојде првиот селектор на фудбалската репрезентација Андон Дончевски, кој на избраниците на селекторот Благоја Милевски им посака успех во новиот циклус, но воедно им честиташе за досегашните одлични резултати што ги постигнаа во изминативе години.

“Јунаци, моја почит кон сите вас. Го кренавте македонскиот фудбал. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како вас“”, рече популарниот чичко Дончо.

Фудбалерите на Дончевски му врачија подарок, капитенот Стефан Ристовски во име на сите членови на националниот тим му даде дрес на кој е испишано неговото презиме.

ФОТО: Игор Паневски