Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема дуел меѓу Усик и Фјури, Британецот не сака да донира милион фунти за Украина

/

пред 1293 дена

Сподели преку :

Иако неодамна беше објавена веста дека мечот на деценијата меѓу Олександер Усик и Тајсон Фјури ќе се одржи на 29 април во Лондон, според последните информации дуелот за обединување на титулите во тешка категорија сепак е откажан.

Веста ја потврди промотерот на Усик, Александер Красик, а причина за пропаѓањето на договорот е одбивањето на Фјури од заработката да издвои милион фунти што ќе бидат донирани како помош за Украина.

Овој услов беше поставен од страна на украинскиот боксер и по долгите преговори нема согласност од таборот на Британецот и поради мечот нема да се одржи во предвидениот термин.

Усик сепак ги продолжува подготовките за влез во рингот и сега мора да ја реализира обврската кон WBA, кој неодамна соопшти дека Украинецот ќе мора да боксува со Даниел Дубоа доколку до први април не постигне договор за соочување со Фјури.