Македонската фудбалска репрезентација вечерва на арената Тодор Проески го одржа последниот тренинг пред одигрувањето на првиот натпревар во квалификациите за Европскиот шампионат.
На патот кон обидот за нов настап на големите натпреварувања избраниците на селекторот ќе се соочат со репрезентацијата на Малта.
Натпреварот се игра утре, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.
ФОТО: Игор Паневски






















