Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Казахстан и Словенија го отвораат новиот циклус квалификации за Евро 2024

/

пред 1294 дена

Сподели преку :

Со дуелот Х групата меѓу Казахстан и Словенија се отвора новиот циклус на квалификации за пласман на Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија.

Мечот ќе се одигра на Астана Арената во казахстанската престолнина, а почетокот е закажан за 18 часот.

Сепак централно место зазема Ц конкуренцијата во која партиципира и селекцијата на Македонија, но во фокусот е соочувањето на финалистите од последниот континентален шампионат во кое Италија во Неапол ја пречекува Англија. Во оваа група, Македонија циклусот го отвора со дуелот против Малта.

Покрај натпреварот во Астана во рамките од Х групата денеска играат уште Данска – Финска и Сан Марино – Северна Ирска.

Три меча се на програмата и во Ј конкуренцијата. Фаворитот број 1 за првото место, Португалија е домаќин на Лихтенштајн, Луксембург и гостува на Словачка додека Босна и Херцеговина се среќава со Исланд.

Сите овие натпревари почнуваат во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски