Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хаос со понудите за купување на Манчестер Јунајтед

/

пред 1294 дена

Сподели преку :

Ноќеска на полноќ изминуваше рокот за доставување на новите понуди за купување на Манчестер Јунатед.

Од клубот тврдат дека ниту една дополнителна понуда не е пристигната во предвидениот рок додека двете најзаинтересирани страни Шеикот Јаисм бин Хамад Ал Тани и Џим Ретклиф тврдат дека се било направено според утврдените процедури и времето предвидено за нивната достава.

Токму поради тоа од Манчестер Јунајтед соопштија дека крајниот рок се пролонгира и дека сега документацијата со новите понуди треба да се достави до петок, но ја потенцираат несериозноста на понудувачите кои доцнеле со понудите.

Медиумите тврдат дека двајцата најголеми фаворити за преземање на клубот од Олд Трафорд ќе понудат поголема сума на пари, но таа се уште е далеку од очекуваното на семејството Глејзер кое бара сума од шест, а се надева дека може да достигне и седум милијарди фунти.

Најблиску до оваа цифра се Катарците кои наводно ја зголемиле понудата пет милијарди додека нема информација колку пари е подготвен да плати еден од најбогатите луѓе во Велика Британија.

ФОТО: Игор Паневски