Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милевски: Можевме и поубедливо да победиме, се повеќе наликуваме на тим што го посакувам

/

пред 1293 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација ја исполни првата цел и на почетокот од квалификациите освоивме три бода кои и ги посакувавме пред почетокот на мечот со Малта, која вечерва е совладана со 2:1.

“Честитки за момците за тоа што го покажаа вечерва и желбата за победа. Напоменав и пред натпреварот кога играте со екипи како Малта дека се најопасни. Можеше да заврши и со повисок резултат, но штета е што примивме на крајот гол. Што се однесува до црвениот картон, не ми е јасно зошто го добив. Ниту приговорив, ниту било што друго, но тоа е видување на четвртиот судија. Се повеќе и повеќе наликуваме на тим што го посакувам. Сите како карактери се одлични момци. Задоволен сум од тоа што го одиграа момците и навистина ми е криво во завршницата што не победивме со поголема разлика”, изјави по натпреварот селекторот Благоја Милевски.

ФОТО: Игор Паневски