Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: На сите ќе ви дадам дебел бакнеж

/

пред 2181 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп се врати во предизборната кампања за помалку од две недели откако соопшти дека е заразен со коронавирус на собирот во Санфорд на Флорида, на кој, без маска на лицето, се фалеше за своето управување со епидемијата. Трамп влегувајќи на аеродромот во Санфорд им фрли маски на присутните, рече дека се чувствува толку моќно што би можел да се симне меѓу публиката и сите да ги бакнува.

Во меѓувреме, над десет милиони Американци веќе гласаа на претседателските избори по пошта или со првично гласање. Доставени се над десет милиони ливчиња. Се очекува рекордна излезност на овие избори, а локалните власти на Џорџија, Вирџинија и Охајо пријавија рекордна излезност. Според последните анкети, Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден ја зголемува предноста пред Трамп во Висконсин и Пенсилванија, федерални држави што можат да бидат клучни за победата на изборите.