Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Има европски сили меѓу вас, ајде во сојуз за европска С. Македонија

/

пред 1291 дена

Сподели преку :

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) упати јавен повик до опозицијата за нејзино учество во сојуз за европската Македонија.

„Повикуваме на општ општествен европски фронт и формирање на сојуз за Европска Северна Македонија. Европскиот сон и стремеж на нашите граѓани зависи од пратениците во Собранието и нивната храброст да донесат одлука за следните генерации, а не за следните избори. Храброста и одлучноста во носењето одлуки се наградува од страна на граѓаните, но и од нашите евроамерикански пријатели“, нагласуваат од ДУИ.

Во ВМРО ДПМНЕ, се истакнува во дописот на интегративците, „има европски сили кои што не се поистоветуваат со ставовите на нивните моментни предводници и не сакаат да ги повторат истите грешки кога застанаа на погрешната страна“.

„Загрижувачки се недвосмислените изјави на предводниците на опозицијата против Европската интеграција и одбивањето на помошта од нашите меѓународни партнери, но ние сме убедени дека пратениците и граѓаните не ги споделуваат изолациските и антиевропски ставови на нивните лидери, туку ќе одлучат храбро и мериторно за продолжување на европскиот пат“, велат од ДУИ.

Од партија забележуваат дека „денешниот наратив, размислување и делување на опозицијата, за жал е ист како оној од пред 6-7 години, кој што ја изолираше опозицијата меѓународно, но сепак тогаш опозициони пратеници смогнаа сила и храбост и се одважија на предизвикот при што денес, Северна Македонија е членка на НАТО и преговара за членство во Европската Унија“.