Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аѕурите ќе се “вадат” против Малта

/

пред 1291 дена

Сподели преку :

Вечерва се играат двата натпревари од второто коло во нашата квалификациска група.

По триумфот на гостувањето во Неапол, репрезентацијата на Англија ја очекува нов предизвик. Попладнево од 18 часот на Вембли, Гордиот албион ќе се соочи со Украина која во првата рунда беше слободна.

Во вториот дуел, Италија ќе се сретне со Малта и составот на Роберто Манчини е апсолутен фаворит за победа и гостувањето во Та’Кали е одлична можност да се освојат првите бодови во овој циклус на квалификации за континенталниот шампионат.

Шанса за нови бодови има и селекцијата на Словенија која по стартната победа над Казахстан во второто коло го пречекува Сан Марино.

Репрезентацијата на Португалија вечерва му гостува на Луксембург додека Лихтенштајн е домаќин на Исланд.

Босна и Херцеговина ја чека нов предизвик во квалификации и вечерва за противник ја има Словачка додека Северна Ирска во Белфаст ќе се соочи со Финска.

ФОТО: Игор Паневски