Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиство во Телевизијата Топ Ченел во Тирана, возилото на напаѓачите пронајдено запалено

/

пред 1304 дена

Сподели преку :

Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.

Во инцидентот, што се случил во еден часот по полноќ, убиен е 60-годишниот Пали Кола, лице од обезбедувањето.

Возило “Ренџ Ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.

Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај, кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи пшритоа сочувство до семејството на настраданиот.