Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија прв пат ќе се соочи со Фарските Острови

/

пред 1290 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација попладнево од 18 часот ќе го одигра контролниот дуел со селекцијата на Фарските Острови.

Ова ќе биде прво соочувањe на нашиот национален тим со оваа селекција. По скоро три децении од одигрувањето на првиот натпревар Македонија во 274-от меч конечно има можност да игра еден дуел против малата островска земја од северот на Европа.

Составот предводен од селекторот Благоја Милевски покрај фактот што игра на домашен терен има фаворитска улога и според пласманот на ранг листата на ФИФА. На последното рангирање Македонија е на 65-тото место додека нашиот денешен противник е на 123 позиција.

Сепак избраниците на Милевски фаворитскиот статус треба да го докажат на теренот бидејќи Фарските Острови се репрезентација која во минатата година направија едно големо изненадување и во рамките од Лигата на нации славеа над Турција со 2:1.

Од тој натпревар овој тим има низа три меча без победа. Во двете контролни пред крајот на 2022-та Фарските Острови играа нерешено против Косово и совладани се од Чешка со 5:0, а на почетокот од квалификациите во петокот освоија бод на гостувањето во Молдавија.

Фарските Острови водеа со голот на Мадс Микелсен се до 87-та минута кога Јон Николаеску успеа да израмни по прецизно изведен удар од 11 метри.

Милевски за овој натпревар нема да може да смета на повредените Ѓоко Зајков и Аријан Адеми, а ќе отсуствуваат уште Висар Муслиу и Столе Димитриевски и поради тоа дополнително е повикан дефанзивецот Јован Манев.

Натпреварот се игра на арената Тодор Проески и почнува во 18 часот.

ФОТО: Игор Паневски