Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Соседско дерби во Подгорица, Франција гостува во Даблин

/

пред 1290 дена

Сподели преку :

Денешната програма од втората рунда квалификации за Европското првенство во фудбал ќе мине во знакот на соседското дерби меѓу селекциите на Црна Гора и Србија што се игра во Подгорица, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.

Во вториот дуел од Г групата, Унгарија за противник ја има Бугарија.

По триумфот над Холандија, актуелниот светски вицепрвак Франција вечерва гостува во Даблин на дуел со Република Ирска. Холанѓаните по стартниот дебакл имаат можност за прва победа во овој циклус бидејќи вечерва ќе се сретнат со аутсајдерот Гибралтар.

Во Е конкуренцијата играат Молдавија – Чешка и Полска – Албанија, а во Ф групата на програмата се натпреварите Австрија – Естонија и Шведска – Азербејџан.

Сите дуели почнуваат во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски