Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сабаленка експресно во осминафиналето во Мајами

/

пред 1287 дена

Сподели преку :

Втората носителка на турнирот во Мајами, Ирина Сабаленка со триумфот над Мари Бузкова од Чешка се пласираше меѓу шеснаесетте најдобри.

Тенисерката од Белорусија за 68 минути ја совлада Бузкова со 6:1 и 6:2. Петра Квитова исто така со 2:0 во сетови славеше над Дона Векиќ, а Екатерина Александрова беше поуспешна од деветтата фаворитка Белинда Бенчиќ.

Варвара Грачева ја елиминираше Магдалена Фрех од Полска, чешкото дерби и припадна на Маркета Вондрушова по победата над Кролина Плишкова.

Романката Сорана Кристеа со 7:5 и 6:2 ја елиминираше Каролина Мухова, а место во следната рунда обезбедија уште Барбора Крејчикова и Бјанка Андрееску.

ФОТО: Игор Паневски