Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ во Топ Тема: Јас не познавам пратеник од нашата партија, кој дал изјава дека ќе ги поддржи уставните измени

/

пред 1287 дена

Сподели преку :

Јас не познавам пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, од овие 44, кој што дал некаде некаква изјава за поддршка на уставните измени за внесување на Бугарите под ваков диктат и условување. Јас можам да ја убедам по не знам кој пат македонската јавност и вас лично, дека уставни измени овој парламентарен состав нема да поддржи. Уставни измени во вакви уценувачки околности кои и даваат право на Бугарија бесконечно да не блокира нема да се случат, му се обрати во вечерашната Топ Тема , пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, директно на својот колега од СДСМ, Дарко Каевски, кој претходно порача дека го радува фактот дека надвор од лидершипот на партијата, предводен од Христијан Мицкоски ,се повеќе пратеници, членови и поддржувачи на најголемата опозициска партија даваат изјави со кои се застапуваат за евроинтегративниот процес на Македонија, но не само со декларитивните изјави.