Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потпретседателот на СДСМ и поранешен министер , Дамјан Манчевски, се повлече од политиката

/

пред 2181 дена

Сподели преку :

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Дамјан Манчевски, најави денеска преку фејсбук дека се повлекува од политиката и ќе се посвети на својата професија.

Тој додава дека прифатил ангажман во приватниот сектор, кој е неспоив со каков било политички ангажман и затоа поднел оставка и од партиските функции, потпретседател и член на централниот одбор на СДСМ.

 

Манчевски пишува дека одлучил да ја напушти политика кога можеби најмалк се очекувало, после изборна победа и нов мандат.  Тој објаснува дека одлуката е лично негова и ја донел иако имал извонредна понуда за следен политички ангажман.

Манчевски им се заблагодарува и на сите луѓе со кои соработувал во политиката, на претставниците на граѓанскиот сектор, медиумите , меѓународната заедница и стопанските комори, но особено ги издвојува премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.