Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бизнис секторот цврсто на ставот – замрзнување цени е погрешен чекор на Владата

/

пред 1296 дена

Сподели преку :

Замрзнувањето на цените е погрешен чекор на Владата и никој не може да гарантира колку ќе се зголемат откако ќе мерките ќе истечат а австриското искуство покажува дека субвенции за граѓаните и дотации за компаниите е успешен модел за пребродување на економската криза и инфлацијата.  Претставници на македонската и австриската стопанска комора денеска одржаа средба во рамките на посетата на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Беле.

Субвенции на социјално згарозените семејства, намалување на царина и субвенции за електрича енергија за копаниите се мерките кои Владата треба да ги примени наместо замрзнатите цени, сметаат од Стопанската Комора.

Цените на недвижности и цените на наемнините кои се плаќаат се клучната тема за која се разговара во Австрија а државна финансиска помош  имало само за сметките за потроѓшени струја и гас.

Македонија и Австрија имаат одлични економски врски, македонската економија има потенцијал и не случајно австриски компании имаат инвестиции од околу една милијарда евра во државата а некои од нив како ЕВН, Шпаркасе и А1 се водечки на пазарот, истакнаа австриските претставници.

Покрај инвестициите од година во година расте и трговската размена меѓу Македонија и Австрија која минатата година изнесуваше 300 милиони вера.

Шеесетина македонски компании денеска ги преставија своите понуди, можности и капацитети пред повеќе од дваесет преставници на компании и конзорциуми од Австрија кои се во посета на Македонија што е досега најголема австриска стопанска делегација која бил во посета на државата.

 

Огнен Чанчаревиќ