Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лејкерс за прв пат сезонава имаат повеќе победи од порази (ВИДЕО)

/

пред 1283 дена

Сподели преку :

Лос Анџелес лејкерс остварија важна победа на гостувањето кај Минесота со 123-111 во тесната битка за плејофот во конкурентната Западна конференција. Со овој триумф, Лејкерс се искачија на седмото место на табелата и прв пат сезонава имаат повеќе победи од порази, односно 39-38.

Ентони Дејвис беше незадржлив за Тимбервулфс и постигна 38 поени со 17 скока, додека Леброн Џејмс имаше 18 поени со 10 скока. Кај домашниот тим, Мајк Конли реализираше 25 поени.

Феникс го совлада Денвер во дербито на Западот со 100-93. Нагетс на овој натпревар настапија без Никола Јокиќ, Џамал Мареј, Кентавиус Калдвел Поуп и Мајкл Портер Јуниор, но и покрај тоа дадоа силен отпор. Санс ја забележаа четвртата победа по ред, а Кевин Дурент беше лидер со 30 поени, додека Девин Букер постигна 27.

Џејсон Тејтум со 39 поени го предводеше Бостон до победа од 122-114 против Јута. Џејлен Брансон одигра неверојатен индивидуален натпревар и со 48 поени го одведе Њујорк до триумф на гостувањето кај Кливленд со 130-116. Уште една голема индивидуална претстава имаше Микал Бриџис, кој реализираше 42 поени за Бруклин во победата од 124-107 против Атланта.