Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изненадување во Мото ГП: Алекс Маркез до премиерна пол-позиција во кариерата

/

пред 1283 дена

Сподели преку :

Алекс Маркез ја освои својата прва пол-позицијата во кариерата во рамки на Мото ГП шампионатот. Братот на поранешниот светски шампион Марк Маркез беше најдобар во квалификациите за Големата награда на Аргентина.

Мотоциклистот на Гресини Дукати имаше најбрзо време во првата квалификациска сесија, но за втората мораше да вози со нов мотоцикл откако претходно имаше излетување, а мотоциклот се запали. Марко Бецеки утре ќе стартува како втор, а од третата позиција ќе тргне актуелниот светски шампион Франческо Бањаја.

Четврто време во квалификациите имаше Франко Морбидели, потоа следуваат Маверик Вињалес, Јоан Зарко, Лука Марини, Хорхе Мартин, Алеиш Еспаргаро и Фабио Квартараро. Трката за Големата награда на Аргентина е закажана за утре со почеток од 19 часот по средноевропско време.