Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пелистер убедлив во дуелот против Феникс, победи на ТФТ и Работнички

/

пред 1282 дена

Сподели преку :

Во дербито од 20. коло во кошаркарскиот шампионат Пелистер го совлада Феникс со 93:74 и ја продолжи серијата од три победи, а на противникот му го нанесе вториот едно по друго пораз.

Најефикасен во редовите на Битолчани со 28 поени беше Андреј Маслинко кој додаде и осум скока, Иван Сапунџиев впиша 17 поени и седум освоени топки под обрачите додека Донтај Краутерс имаше 16 поени и пет асистенции.

Во редовите на Феникс Андреј Митевски беше стрелец на 23 поени, а Бојан Трајковски имаше учинок од 12 поени и седум скока.

ТФТ без поголем проблем стигна до победа од 92:83, а Работнички славеше во соочувањето со Чаир со 83:67.

И во последниот натпревар од денешната програма Гостивар триумфираше над Еуро Никел со 85:65.

ФОТО: Игор Паневски