Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Сензација во Автокоманда, Алкалоид го совлада Вардар

/

пред 1282 дена

Сподели преку :

Во дербито од седмото коло во ракометната Супер лига, Алкалоид забележа сензационална победа до 22:21 во дуелот против Вардар.

Младиот состав предводен од Кире Лазаров водеше во текот на целиот натпревар, а во еден момент предноста изнесуваше и седум погодоци.

Црвено-црните долго време се обидуваа да фатат резултатски приклучок, а дури во финишот успеа да стигне до единствената предност од 21:20.

Прва ѕвезда на младиот состав на Алкалоид беше ветеранот Благојче Трајковски кој имаше дури 15 интервенции и беше буквално несовладлив во текот на сите шеесет минути.

Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Мартин Серафимов со седум гола, а седум погодоци постигна и на спротивната страна Дејан Манасков.

ФОТО: Игор Паневски