Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферстапен најдобар на хаосот во Мелбурн, Ферари не освои ниту еден бод

/

пред 1280 дена

Сподели преку :

Макс Ферстапен славеше на хаотичната трка за Големата награда на Австралија во рамки на Формула 1 шампионатот што утринава се возеше на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн.

Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион беше заслужен победник на крајот на трката која ја одбележаа дури три црвени знамиња, неколку излегувања на безбедносното возило и серија инциденти и судири. Луис Хамилтон од Мерцедес финишираше на второто место за прв подиум годинава, додека Фернандо Алонсо од Астон Мартин повторно беше трет.

Трката на крајот ја завршија само 12 возачи, а во поени влегоа Ленс Строл, како четврти, Серхио Перез, кој стартуваше последен беше петти. Потоа следуваат Ландо Норис, Нико Хулкенберг, дебитантот Оскар Пиастри, Жу Гванју и Јуки Цунода.

Двата болиди на Ферари не освоија бодови, бидејќи Шарл Леклер испадна од трката уште во првиот круг, а Карлос Сајнц заработи казна и заврши последен на трката односно на 12.место.

Во генералниот поредок по три трки сезонава води Ферстапен со 69 бодови, пред тимскиот колега Перез со 54, трет е Алонсо со 45 бодови.

Следната трка е закажана за 30 април за Големата награда на Азербејџан.