Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Водечкото трио на домашен терен атакува на нови бодови во ПМФЛ

/

пред 1284 дена

Сподели преку :

Денеска се комплетира 24-тата рунда во домашниот фудбалски шампионат. Трите водечки екипи играат на домашен терен и посакуваат освојување на нови бодови во трката за шампионскиот трофеј.

Шкупи и Шкендија пред своите навивачи ќе се сретнат со двата тима кои се на дното на табелата. Чаирчани го пречекуваат Скопје додека Шкендија во Тетово ќе се сретне со Победа.

Двете се екипи се апсолутни фаворити за победа, а натпреварот во Тетово ќе влезе во историјата на македонскиот фудбал како прв на кој правдата ја делела една дама.

Нашата најдобра судијка Ива Пројковска е делегирана да ја дели правдата на еден меч во Првата фудбалска лига.

Лидерот Струга ќе се соочи со Академија Пандев и ќе се обиде да ја забележи втората победа во низа и да ја задржи предноста во однос на најголемите ривали Шкупи и Шкендија.

Во последниот дуел од денешната програма Брегалница е домаќин на Тиквеш кој по два последователни пораз посакува да ја прекине низата додека Штипјани во продолжението од сезоната се уште немаат загубено ниту еден меч.

Сите натпревари почнуваат во 15 часот.

ФОТО: Игор Паневски