Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џошуа го победи Френклин со одлука на судиите

/

пред 1282 дена

Сподели преку :

Ентони Џошуа ја оствари првата победа во боксерскиот ринг по повеќе од две години пауза откако синоќа во Лондон славеше против Џермејн Френклин.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија до победата дојде со едногласна одлука на судиите, но тоа не го направи среќен Британецот, кој сакаше да слави со нокаут. Ова е прва победа на Џошуа откако два пати по ред загуби од Олександер Усик и ги загуби трите светски титули во ВБА, ИБФ и ВБО. Во својата кариера поранешниот олимписки шампион сега има скор од 25 победи од кои 22 со нокаут и три пораз. За Френклин ова беше втор пораз во кариерата откако во ноември лани загуби и од Дилион Вајт.

По победата, Џошуа го предизвика својот сонародник и засега непоразен тешкаш, Тајсон Фјури, кој ја држи титулата во ВБЦ верзијата.