Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бецеки најдобар на дождот во Аргентина, Бањаја остана без бодови

/

пред 1282 дена

Сподели преку :

Марко Бецеки дојде до својата прва победа во кариерата во Мото ГП откако издоминира на тешките временски услови за време на Големата награда на Аргентина.

Бецеки беше незадржлив на врнежливата патека „Термас де Рио Хондо“ и сосема заслужено дојде до триумфот пред Јоан Зарко, кој во последните два круга мина двајца возачи за да дојде до второто место. Подиумот го комплетираше освојувачот на пол-позицијата Алекс Маркез.
Актуелниот светски шампион Франческо Бањаја во 18 круг падна додека беше на втората позиција и на крајот на трката финишираше како 16-ти без освоени бодоови.

Бецеки сега води во генералниот поредок со 50 бодови, девет повеќе од Бањаја, додека трет е Јоан Зарко со 35 поени.

За две недели се вози третата сезонска трка за големата награда на САД.