Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ се врати на чело на АТП листата

/

пред 1280 дена

Сподели преку :

По поразот на Карлос Алкараз во полуфиналето на турнирот од Мастерс серијата во Мајами, Новак Ѓоковиќ се врати на чело на најновата АТП листа.

Повратникот на лидерското место има скоро 400 бода предност во однос на Карлос Алкараз додека на третата позиција и натаму е Стефанос Циципас.

Триумфот во Мајами му донесе скок од едно место на Данил Медведев кој сега е четврти пред Каспер Руд.

Шести оваа недела е Андреј Рубљов кој ја замени позицијата со Феликс Оже Алиасим, а меѓу десетте најдобри се уште Холгер Руне, Јаник Синер и Тејлор Фриц.

ФОТО: Игор Паневски