Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нагелсман главен фаворит за менаџер на Челзи

/

пред 1283 дена

Сподели преку :

По најновиот пораз во Премиер лигата и фактот дека клубот од Стемфорд бриџ и покрај големите вложувања во екипата во следната сезона ќе остане без настап во европските натпреварувања, челниците вчера му врачија отказ на менаџерот Грем Потер.

Досегашниот предводник на чело на екипата дојде од Брајтон како замена за Томас Тухел. Потер имаше петгодишен договор, но резултатите беа далеку под очекувањата и на 22 натпревари во Премиер лигата забележа само седум победи.

Како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Јулијан Нагелсман, кој неодамна е сменет од тренерската функција во Баерн, а до неговото ангажирање со екипата ќе раководи Бруно Салтор, кој има статус на привремено решение.

Покрај 35-годишниот Германец во конкуренција за преземање на Челзи се споменува и Маурисио Почетино кој по отказот во Тотенхем сега е без ангажман.

ФОТО: Игор Паневски