Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПСЖ ќе испрати понуда за Феликс што не може да се одбие

/

пред 1283 дена

Сподели преку :

Пари Сен Жермен во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да ја засили напаѓачката линија, а со оглед на фактот дека постои голема веројатност Килијан Мбапе да ја напушти екипата, францускиот шампион е подготвен да ангажира ново име од светска класа.

Прв на листата на желби на Пари Сен Жермен е Жоао Феликс, кој по завршувањето на сезоната ќе замине од Челзи и по позајмицата од шест месеци би требало да се врати во Атлетико Мадрид.

Младиот репрезентативец на Португалија по секоја цена сака да го раскине договорот со Атлетико и е подготвен за нов предизвик во кариерата.

Првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи има намера да почне преговори со шпанскиот состав за откуп на договорот на Жоао Феликс и е подготвен да издвои сума меѓу 120 и 140 милиони евра што дури и повеќе од висината на откупната клаузула.

Покрај Пари Сен Жермен, интерес за Жоао Феликс покажуваат и сегашниот клуб на Португалецот, Челзи како и Манчестер Јунајтед.

ФОТО: Игор Паневски