Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорчевска пријавена на ИТФ турнирот во Сплит

/

пред 1280 дена

Сподели преку :

Хрватска оваа недела е домаќин на ИТФ турнири во машка и женска конкуренција.

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска е пријавена за настап на турнирот во Сплит што се игра на награден фонд од 40.000 долари.

Најдобро рангираната тенисерка од Македонија во првото коло за противничка ја има четвртата носителка Тара Вурт од Хрватска и според распоредот таа на терените ќе се појави утре.

До овој момент завршен е еден меч од првото коло во кој Доминика Салкова од Чешка во два сета со 7:5 и 6:2 триумфираше над фаворитката број 1, Дајан Пари од Франција.

ФОТО: Игор Паневски