Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Билиќ со понуда да ја преземе Украина

/

пред 1283 дена

Сподели преку :

Поранешниот селектор на Хрватска, Славен Билиќ е најсериозен кандидат за преземање на репрезентацијата на Украина која е нашиот следен противник во квалификациите за Европското првенство.

Билиќ во моментов е без ангажман откако минатиот месец доби отказ во Вотфорд, а според некои информации тој е во завршна фаза од преговорите за потпис на договор со Фудбалската асоцијација на Украина.

На чело на националниот тим во моментов се Руслан Ротан, кој има статус на привремено решение откако по мечевите во Лигата на нации, челниците на асоцијацијата решија да ја прекинат соработката со Олександар Петраков.

Билиќ покрај ангажманот на селекторската позиција во Хрватска работел и како тренер на Хајдук, Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, Ал Итихад, Вест Бромвич Албион и Пекинг.

ФОТО: Игор Паневски