Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расистички навреди, турканици и три црвени картони на дербито помеѓу Јувентус и Интер (ВИДЕО)

/

пред 1281 дена

Сподели преку :

Јувентус и Интер одиграа 1-1 синоќа на првиот полуфинален натпревар во Купот на Италија. Хуан Квадрадо ги доведе домашните во водство во 83.минута, но Ромелу Лукаку од пенал во 95.минута го израмни резултатот.

Белгиецот славеше претерано пред навивачите на Јувентус, по што доби втор жолт картон и автоматски исклучување. Имаше блиска средба помеѓу Квадрадо и Хандановиќ по последниот свиреж, па главниот судија подели уште два црвени картони.

Од таборот на Интер обвинуваат дека Лукаку бил расистички навредуван од фановите на Јувентус, а енаџерската агенција на Белгиецот исто така побара јавно извинување од „Старата дама“. Реваншот во Милано е на 26.април.