Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струга по успех за историја, Македонија ЃП по ново финале на Купот

/

пред 1281 дена

Сподели преку :

Попладнево се играат полуфиналните натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија.

Лидерот на табелата Струга е домаќин на Силекс и ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и за прв пат во клупската историја да обезбеди пласман во финалето и евентуално да се бори за двојната круна.

Противникот на Стружани, Силекс има шанса по трет пат во низа да настапи во финалето откако во последните две години еднаш го освои трофејот, а минатата година беше совладан од Македонија ЃП.

Во Тетово, Шкендија го пречекува бранителот на титулата во Купот, Македонија ЃП. За Тетовци ова е можност по пауза од пет години повторно да се дел од големото финале кога во 2018-тата успеаа да слават во ова натпреварување.

Македонија ЃП по минатогодишниот триумф атакува на петтиот настап во финалето.

Двата натпревари почнуваат во 15 часот.

ФОТО: Игор Паневски