Луис Енрике е еден од кандидатите за менаџерската позиција во Челси. Шпанскиот стратег денеска пристигнал во Лондон на преговори со челниците на „сините“. Премиерлигашот по отказот на Греем Потер стапи во контакт и со Јулијан Нагелсман, но Германецот и натаму е под договор со Баерн иако беше отпуштен.
Енрике моментално е без ангажман откако ја напушти шпанската репрезентација. Тој претходно беше тренер на Барселона и Рома и е сериозно заинтересиран да работи во Премиерлигата.











