Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меси подготвен да ја одбие понудата од 400 милиони евра од Ал Хилал

/

пред 1281 дена

Сподели преку :

Саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал е подготвен да му понуди плата од 400 милиони евра годишно на Лионел Меси по завршувањето на оваа сезона. Аргентинецот од 1.јули ќе биде слободен агент, бидејќи ќе му истече договорот со ПСЖ.

Наводно, тој не е расположен да продолжи во Париз, па затоа Ал Хилал се обидва да го намаме во Саудиска Арабија со вистинско богатство. Сепак, приоритет на Меси ќе биде да остане во Европа, а негов сон е да се врати во Барселона. Проблем е тоа што шпанскиот гигант има сериозни финансиски проблеми и тешко ќе може да си го дозволи неговиот договор.

Интерес за Меси има и од МЛС-лигата, поточно од Интер Мајами, каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам.