Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рома без навивачи на гостувањето во Ротердам

/

пред 1281 дена

Сподели преку :

Европската фудбалска асоцијација донесе одлука да не дозволи патување на гостинските навивачи на четвртфиналниот натпревар од Лига Европа меѓу Феенорд и Рома.

Потегот на УЕФА е реакција на италијанските власти да забранат доаѓање на навивачите на Феенорд во Рим, а воедно тоа е и последица на дивеењето на холандските хулигани низ улиците на престолнината при нивното доаѓање во 2015 година.

Првиот дуел меѓу двата ривали кои минатата година се соочија во финалето од Конференциската лига кога исто така во Тирана имаше неколку големи инциденти ќе се одигра на 13 овој месец во Ротердам, а седум дена подоцна следува реваншот во Рим.

Веднаш по жрепката двата клуба преговараа за одредување на контингент влезници за гостинските навивачи и во еден момент беше постигната согласност за 1200 билети, но по последната одлука на УЕФА и властите во Италија овој процес е стопиран.

ФОТО: Игор Паневски