Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливерпул има пол позиција за реализација на трансферот на Белингам

/

пред 1281 дена

Сподели преку :

Англискиот репрезентативец Џад Белингам ќе биде една од ѕвездите на јануарскиот преоден рок.

За фудбалерот на Борусија Дортмунд во моментов се заинтересирани три клуба Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Со оглед на фактот дека Борусија не отстапува од намерата за раскин на договорот да инкасира 120 милиони евра, Реал Мадрид е се поблиску од повлекување во трката, а според медиумите во Велика Британија најголеми шанси да ангажирање на Белингам има Ливерпул.

Дополнително уште еден факт оди во прилог на клубот од Енфилд, а тоа е желбата на Белингам да се врати во Премиер лигата во клуб каде нема да има поголем проблем да се избори за место во стартната постава што се смета дека може да биде хендикеп за Манчестер Сити каде битката за влегување меѓу почетните 11 е жестока.

Предност на Ливерпул е и најавата на менаџерот Јирген Клоп за целосна реконструкција на тимот, а со евентуалното доаѓање на Белингам тој ќе биде играчот околу кој ќе се гради новиот состав.

ФОТО: Игор Паневски