Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топ Тема (05.04.2023): Зголемувањето на платите на функционерите ќе изнесува до 78 проценти, вели првиот човек на УПОЗ, Деаноски

/

пред 1278 дена

Сподели преку :

Пратениците, градоначалници и други именувани функционери кои веќе добиле плата за март, добија зголемена плата, велат дека го почитувале законот и дека покачувањето го пресметале веднаш откако Уставниот суд ја укина замрзнатата основица, а одлуката беше објавена во Службен весник.

На пример, пратениците зеле околу 16 илјади денари покачување за осум дена од март, веднаш по објавување на одлуката.

По веста дека пратениците во Македонското Собрание веќе земале повисоки плати за март во износ поголем за 16 000, со што дилемите дали зголемувањето на примањата на државните функционери ќе се пресметува врз нивните бруто или нето плати се очигледно веќе решени, во Топ Тема со Боби Христов, за ваквиот развој на настаните зборуваше Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, синдикатот кој прв и објави дека зголемувањето ќе изнесува до 78 проценти.