Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Валенсија го отпушти Селадес

/

пред 2286 дена

Сподели преку :

По вториот последователен пораз во Примера, Валенсија реши да му врачи отказ на тренерот Алберт Селадес.

Поранешниот селектор на младата репрезентација на Шпанија кој екипата ја презема во септември минатата година наследувајќи Марселино Гарсија, на последните 13 натпревари во сите конкуренции забележа само две победи, а по поразите од Еибар и Виљареал тимот од Местаља се оддалечи од трката за настап во европските натпреварувања.

Додека се најде трајно решение екипата ќе ја предводи неговиот помошник Воро Гонзалез. Откако Унаи Емери си замина од Валенсија во 2012 година раководството на клубот смени 12 тренери, а Воро Гонзалес по шести пат во овој период ќе работи како привремено решение.